MKinformer

your daily dose of news

Сонцето и заштеди 20 милијарди евра на Европската Унија

17/07/2026 16:13

Сончевата енергија ѝ заштеди 20 милијарди евра на ЕУ

Соларните централи ја намалиле потребата од увоз на гас

Европската Унија заштедила околу 20 милијарди евра од почетокот на март до 15 јули благодарение на зголеменото производство на електрична енергија од сонце, покажува новата анализа на здружението „СоларПауер Јуроп“. Според пресметките, соларните електрани ја намалиле потребата од увоз на природен гас, што значително го ублажило влијанието од растот на цените на енергенсите.

Во анализата се наведува дека заштедата изнесува околу 146 милиони евра дневно, во период кога енергетските пазари беа под притисок поради конфликтот меѓу Израел и Иран и тензиите околу Ормутскиот теснец.

Сонцето стана најголем извор на електрична енергија

Во јуни, сончевата енергија за првпат стана најголем поединечен извор за производство на електрична енергија во Европската Унија, со удел од 25 проценти.

Главната извршна директорка на „СоларПауер Јуроп“, Валбурга Хемецебергер, оцени дека електрификацијата е клучна за енергетската безбедност на Европа.

Електрификацијата е патот кон долгорочна енергетска безбедност и Европа може да се движи во таа насока уште побрзо“, изјави Хемецебергер.

Обновливите извори добиваат сè поголемо значење

Анализата посочува дека неколку европски земји веќе ги чувствуваат придобивките од инвестициите во обновливи извори. Како пример се наведува Шпанија, која од 2019 година го удвоила капацитетот за производство на електрична енергија од сонце и ветер.

Минатата година, за првпат во историјата, сончевата и ветерната енергија произведоа повеќе електрична енергија во ЕУ отколку фосилните горива, што експертите го оценуваат како важен чекор во енергетската транзиција.

error: Содржината е заштитена од копирање !!