Со нож „отишол да дели правда“ кај поранешните работодавци и избушил гума на возило
22/07/2026 16:44
Триесетгодишен жител на скопското село Трубарево бил лишен од слобода откако, според пријавата, со остар предмет им се заканувал на двајца свои поранешни работодавци.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 17 часот го привеле Ф.Ш. од Трубарево.
Се однесувал агресивно и упатувал закани
Според пријавеното, тој агресивно се однесувал кон двајцата поранешни работодавци и им упатувал закани со остар предмет.
Со истиот предмет оштетил и гума на патничко возило.
Ќе следува соодветен поднесок
Полицијата го лишила од слобода, а случајот дополнително се документира.
По целосното расчистување на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.





