Притвор за Македонката по инцидентот во Улцињ
25/07/2026 21:26
Македонка задржана до 72 часа поради прегазување куче во Улцињ
Основното државно обвинителство во Улцињ донесе одлука за задржување до 72 часа на државјанка на Македонија со иницијали С.С., која се сомничи за кривичното дело „убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“.
Кучето угинало по повредите
Според информациите од обвинителството, инцидентот се случил во близина на Булеварот „Теута“ во Улцињ.
Осомничената, управувајќи автомобил „Мерцедес“, прегазила домашно куче од расата шарпланинец, кое било во сопственост на локален жител. Како последица на здобиените повреди, животното угинало.
Истрагата продолжува
Од Основното државно обвинителство информираат дека истрагата е во тек и дека надлежните органи работат на целосно утврдување на сите околности поврзани со случајот.
По завршувањето на истражните дејствија ќе бидат донесени и натамошните процесни одлуки.






