Македонска државјанка уапсена во Црна Гора
24/07/2026 20:00
Македонска државјанка уапсена во Црна Гора по намерно газење куче со автомобил
Македонска државјанка е уапсена во Црна Гора откако, според информациите на тамошната полиција, со автомобил намерно прегазила куче во сопственост на граѓанин на Улцињ. Таа била приведена при обид да ја напушти државата.
Полицијата реагирала по пријава
Според информациите, случајот бил пријавен околу 16 часот до Одделението за безбедност во Улцињ, по што полициските службеници веднаш презеле мерки за пронаоѓање на возилото и лицето кое управувало со него.
Набрзо било пронајдено возилото, а полицијата ја идентификувала жената која го управувала како државјанка на Македонија.
Спречена при обид да ја напушти државата
Од полицијата соопштиле дека осомничената се обидела да ја напушти Црна Гора, но била запрена и приведена.
Увид на местото на настанот треба да извршат надлежните служби, а за случајот е известен и Основниот државен обвинител.






