Прекини на грчките гранични премини
25/07/2026 17:21
Во понеделник штрајк на грчките царински службеници, можни застои на граничните премини
Патниците и превозниците кои планираат да патуваат кон Грција во понеделник треба да сметаат на можни доцнења и застои, поради најавениот штрајк на грчките царински службеници.
Според информациите добиени од грчката царинска служба, штрајкот ќе се одржи на 27 јули, во периодот од 6:00 до 10:00 часот по грчко време, односно 5:00 до 9:00 часот по македонско време, и ќе ги опфати сите гранични премини во Грција.
Патничките возила ќе се пропуштаат периодично
За време на прекинот на работата, патничките возила ќе бидат пропуштани периодично, што може да предизвика подолги задржувања на граничните премини.
Од друга страна, товарниот сообраќај во наведениот период ќе биде целосно во прекин, со можен исклучок само за товарни возила што превезуваат лесно расиплива стока.
Апел за навремено планирање на патувањата
Надлежните ги повикуваат патниците и превозниците да го имаат предвид најавениот штрајк и навреме да ги испланираат своите патувања.
Воедно, информираат дека царинските службеници на македонска страна ќе работат непречено и дека ќе бидат преземени сите потребни мерки за да се намалат евентуалните непријатности за граѓаните и транспортните компании.




