MKinformer

your daily dose of news

Пет пожари се активни низ Македонија, три се под контрола

16/08/2026 20:08

Во Македонија до 18 часот се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, пет пожари се активни, додека три се ставени под контрола, информира Центарот за управување со кризи.

Според ЦУК, активен е пожарот на потегот меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани.

Активни пожари во повеќе општини

Активен е и пожарот кај месноста Видуш во Општина Македонски Брод.

Пожар има и кај селото С’лп, на местото Горно Село во Општина Велес. Огнот се проширува кон селото Карабуњиште, како и кон Добрино и Тисовица во Општина Зелениково.

Гори и кај селата Копанце и Туденце во Општина Јегуновце. Пожарот се проширува кон селото Бојане во Општина Сарај.

Петтиот активен пожар е кај селото Ломница во Општина Врапчиште.

Три пожари се под контрола

Под контрола е пожарот меѓу селата Алданци и Норово во Општина Крушево.

Контролиран е и пожарот кај селото Конопница во Општина Крива Паланка. Под контрола е и пожарот меѓу селата Борино и Житоше во Општина Крушево.

Според последните информации од ЦУК, пет пожари се активни, додека три од регистрираните пожари се ставени под контрола.

error: Содржината е заштитена од копирање !!