Лажел дека дарувал крв за да не оди на работа: Полицаец заработи кривична пријава
15/10/2026 10:06
Лажел дека дарувал крв за да добие платено отсуство од работа, поради што против полицаец е поднесена кривична пријава за „фалсификување исправа“.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против А.А., вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти.
Пријавата е доставена до ОЈО ГОКК, односно до специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.
Не дарувал крв, а доставил две потврди
Според МВР, полицаецот на 3 март и 9 јули 2026 година не дарувал крв во Институтот за трансфузиона медицина при комплексот клиники „Мајка Тереза“, но сепак изготвил и употребил две лажни потврди за крводарување.
Врз основа на потврдите, тој поднел две барања за користење платено отсуство од по три работни дена.
Првото отсуство го искористил на 3, 4 и 5 март, а второто на 9, 10 и 13 јули 2026 година.
Ќе се бара и дисциплинска одговорност
Против пријавениот ќе биде поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.
Полицаецот е осомничен дека лажел дека дарувал крв и со две лажни потврди искористил вкупно шест работни дена платено отсуство.






