Апасиев со кредит од 3,5 милиони денари, Муцунски нема стан, но има автомобил од 1.75 милиони денари
15/09/2020 9:22Државната комисија за спречување корупција изнесе податоци од анкетните листови за имотната состојба на дел од избраните пратеници, меѓу кои и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
Кандидатката на ВМРО- ДПМНЕ на претседателските избори, професорката Гордана Силјановска-Давкова има завидни заеднички депозити во банка, од кои едниот е 55.688 евра и 3.508 долари на девизна штедна книшка, а другиот е 11.523 евра на девизна сметка.
Иванка Василевска, професорката која стана пратеник како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, има два кредита од лани од кои едниот од 1,2 милиони денари и другиот од 50.000 евра. Има два стана во Сопиште со вкупна вредност од 7,5 милиони денари, а кај брачниот другар пријавила три возила од кои мотор Јамаха, Нисан X треил и Цитроен Ц3 – сите во вредност од 2.050.000 денари.
Јован Јаулески, доскорешниот претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, од личен имот пријавил само депозит од 2.500 евра и автомобил голф 5 произведен во 2004, но го купил на старо во 2015 и вреди 200.000 денари.








