Откако се судриле, извадил нож и му го одземал возилото
17/09/2020 14:49ОТКАКО СЕ СУДРИЛЕ, МУ ГО ОДЗЕЛ ВОЗИЛОТО

На 16.09.2020 во 21.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на булевар „Први мај“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(37) од Битола и патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(58) од Битола.
Според пријавеното, потоа В.Т. со закана со остар предмет го одзел возилото на Д.Т., но набргу бил фатен и лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесе соодветен поднесок.






