(Фото) Пратениците на СДСМ не се појавија на комисијата за надворешна политика во врска со барањата на Бугарија
04/11/2020 13:08Комисијата за надворешна политика денес требаше да одржи средба во врска со актуелното прашање со Бугарија односно меморандумот со кој беше најавена блokaда на отварањето на преговори за влез во Европската унија докoлку Македонија не се согласи со условите предвидени со истиот.

Но на средбата, како што напиша пратеничката и членка на комисијата Марија Петрушевска, пратениците на СДСМ воопшто не се појавија. Наместо да ја искористат можност да се изгради Национален консензус за отворените прашања со соседна Бугарија, тие избегаа.
Дали на повидок е ново предавство на Македонија?, прашува Петрушевска. Што Владата на СДСМ и пратениците кријат од граѓаните?
Обединети стоиме, поделени паѓаме, додаде таа.







