Делови од Аеродром, Гази Баба, Карпош и Кисела Вода денес без струја
22/03/2021 13:40Од ЕВН Македонија АД известуваатдека на ден 23.03.2021 година (вторник) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.15 до 10.15 часот, корисниците од улиците: 38, 200, 201, 202, 203, 206, 207 и 208 во населба Скопско Поле, како и корисниците од ул.2 и ул.4 во населба Јурумлери. (општина Гази Баба)
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
– во периодот од 08.30 до 13.00 часот, корисниците од бул. Борис Трајковски – подулици бр.6, 8, 10 и 12. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Миле Поп Јорданов. (општина Карпош)



