MKinformer

your daily dose of news

Бугарија се оградува од холокаустот во Македонија!

13/03/2023 13:12

Претставници од политички партии, организации на еврејските друштва кај нас, предводени од претседателот на државата Стево Пендаровски, учествуваа во маршот-поворка по повод осумдесетгодишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорите на смртта во Треблинка на 11-ти март во 1943 година. Речиси сите Евреи од Скопје, Битола и Штип, беа стационирани во скопскиот Монопол, па оттука депортирани во патот, од кој назад никогаш не се вратија, дома во своите родни огништа. Вкупно 7.144 еврејски жители од територијата на Вардарска Македонија, окупирана од профашистичка Бугарија на цар Борис III, беа брутално убиени во логорите во Полска, тогаш окупирана и владеена од Третиот рајх, со што 98% од севкупното еврејско население во Македонија беше физички истребено, а со тоа Македонија е прва земја во светот, во која се случил таков погром на Евреите во речиси од целосна стопроцентност.

Освен Пендаровски, кој во својот говор истакна дека треба да има помирување и извинување за улогата на Софија во тоа време во депортацијата на Евреите, свое обраќање имаа и вицепремиерот Фатмир Битиќи, птооа Хамад Амар, претседател на парламентарната група за пријателство Израел-Македонија, Ернест Херцог од Светскиот еврејски конгрес, Мариа Багдасарова од Европскиот еврејски конрес и Пепо Леви, претседател на Европската заедница во Македонија. Сепак, најтрогателна исповед меѓу присутните даде единствената жива еврејска штипјанка, 88-годишната Сион Алтреаз, која некако успеала да се спаси од погибијата на свои само 8 години, за денеска после осум децении да биде присутвна на одбележувањето на најголемата трагедија за еврејскиот народ на нашите простори.

Во соседна Бугарија, пак се водат жестоки дебати за улогата на бугарската држава во депортацијата на Евреите од Вардарска и Егејска Македонија, Поморавието и Беломорска Тракија. Освен, со исклучок на неколкумина интелектуалци во Бугарија, кои ја прифаќаат националната вина за оваа депортација, целокупната бугарска политичка елита, одбива да прифати вина за настаните кај нас, и постојано потенцира дека сите Евреи во „стара“ Бугарија биле спасени од тамошните власти.

error: Содржината е заштитена од копирање !!