ПЕТРОВСКА: Се боревме против заробена држава, добивме заробена партијa, легитимитет не се добива со 9 000 гласа
01/07/2024 8:49Се боревме против заробена држава, добивме заробена партијa, напиша вечерва на нејзиниот фејсбук-профил Славјанка Петровска, актуелната пратеничка и една од кандидатите за претседател за СДСМ, која вчера ја повлече од трката, посочувајќи за нефер изборен процес.

Во моето писмо со кое ја повлеков кандидатурата образложив дека денешниот ден ќе биде спротивно и на статутот и на принципите на социјалдемократијата, и така бидна се случи фијаско. Новиот претседател е избран со 11 отсто од вкупниот број на членови на СДСМ, од 83 000 члена, ‘за‘ гласале само 9 000. И со ова само се продолжува агонијата во која СДСМ почна да тоне од 2020 година наваму“,
вели таа.
Според неа, денеска на многу членови на СДСМ не им било овозможено да гласаат затоа што ги немало на избирачкиот список, иако, како што посочи, уредно се регистирале.
„Денес, 11 000 члена одбија да гласаат затоа што се спротивставија на начинот на кој беше водена кампањата, на фаворизирањето, на несанкционирањето на злоупотребата на лични податоци, на притисоците да се поддржи фаворитот, затоа што се чувствуваат навредено на избирачкиот список на СДСМ да се најдат со активисти на владејачки партии. Згора на се, Централната изборна комисија заборави дека јас ја повлеков кандидатурата, па ги броеле и тие гласови. Многу професионално, зарем не. А и како прогласија претседател, а не ги почекаа приговорите? Еве, доказ за диригираниот процес“,рече Петровска.
Венко Филипче е избран за нов претседател на СДСМ на денешните вонредни внатрепартиски избори со над 9 000 гласа од вкупно излезени 12 600 гласачи или 54 отсто од запишаните 23 000 члена.





