ДЕЛ ОД ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ГИ ПАРКИРАА АВТОБУСИТЕ, СИ ГИ БАРААТ ПАРИТЕ ОД ДАНЕЛА АРСОВСКА
04/07/2024 11:35
Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје претпладнево ги паркираа автобусите.
Тие бараат финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила и велат дека, од јануари, кога зеле само дел од средствата, не им се исплатени средства за услугата што ја даваат поради што веќе немаат пари за гориво и за одржување на возилата.





