Маж колабираше качувајќи се во автобус после еден час чекање
16/07/2024 9:17Во населбата Даме Груев утрово во автобус број „22“, повозрасен човек колабираше по еден час чекање автобус.

-Еден час немаше автобус, а двата што дојдоа немаа доволно капацитет да ги соберат сите патници. Долу беше неподносливо, немаше воздух, изјави еден од патниците за „
Патникот посведочи дека возачот повикал Брза помош и седел со патникот додека не дојдат медицинските лица.
– Брза помош чекаме 15 минути. Возачот не трга додека не дојдат, а ЈСП не испрати друг автобус – додаде патникот.






