Општина Ѓорче Петров и МВР со засилени мерки за справување со временски непогоди, пожари и поплави
19/07/2024 10:55Општина Ѓорче Петров и МВР со засилени мерки за навремено справување со евентуални временски непогоди, пожари или поплави. Од МВР информираат дека се подготвени да се засили безбедноста и да се излезе во пресрет со справувањето со непосакуваните состојби.

„И Кризниот штаб на Општина Ѓорче Петров е на готовс, подготвен во рамки на своите ингеренции и можности да реагира и да излезе на терен, доколку се јави потреба.
Со високите температури кои ја зафатија земјава, се зголеми и појавата на пожари низ државата. Со цел превенција, во план е воведување забрана за движење низ шумските делови на Кучково.
Соработка меѓу општината, полицијата и останатите надлежните институции е од клучно значење за заштита на граѓаните. Како одговорна локална самоуправа, секогаш делуваме навремено при состојби кои може да бидат опасни по животот и имотот на нашите граѓани“ напиша градоначалникот Александар Стојкоски.






