MKinformer

your daily dose of news

ВАЖНИ ИНСТИТУЦИИ, БОЛНИЦИ И ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ НА ВОДНО ДЕНЕС БЕЗ ВОДА

01/08/2024 9:24

Вашни институции во пределот на Водно денес ќе имаат проблем со водоснабдуваее.

Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф250 мм. на улица Тодор Александров 33 прекинато водоснабдување од 07,30ч до завршување на техичка интервенцијата ќе имаат корисниците од Вилите на Водно, Кабинетот на претседателот на РСМ.

Дополнително улиците : Ацо Караманов, Периша Савељиќ ,Караорман во населба Козле висока зона, населбата Пржино висока зона, дел од улиците Тодор Александров, Славејко Арсови, Детската болница Козле.

Цистерна со питка вода ке биде обезбедена и истата ќе биде мобилна низ населбите за потребите на граѓаните.

error: Содржината е заштитена од копирање !!