БЕЗЖИВОТНО ТЕЛО НА ЖЕНА ИЗВЛЕЧЕНО ОД ВАРДАР КАЈ СКОПСКИ АЕРОДРОМ
28/01/2025 17:13
Безживотно тело денеска беше извлечено од водите на реката Вардар во Скопје.
На локацијата во скопски Аеродром на кејот на реката Вардар присутни се екипи на полицијата и јавен обвинител.
Според првичните неофицијални информации станува збор за безживотно тело на женска особа, а на телото се видливи траги на насилство.
Повеќе детали се очекуваат од МВР






