ПРЕСВРТ ВО СУДБИНАТА НА УСАИД: ТРАМП ГО НАЗНАЧИ МАРКО РУБИО ЗА В.Д. ДИРЕКТОР НА УСАИД
03/02/2025 21:09
Иако утринава се проширја информации дека американскиот претседател Доналд Трамп има сериозни намери да ја затвори Американскаата агенција за меѓународен развој(УСАИД), сепак во текот на денот судбината на оваа агенција доби друг тек со назначувањето на Марко Рубио за вршител на должност како раководител на УСАИД.
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска соопшти дека ја презел функцијата вршител на должноста администратор на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), потврдувајќи го де-факто преземањето на агенција од страна на Стејт департментот.
Функцинирањето на УСАИД мора да се усогласи со надворешната политика на САД и дека досегашното дејствувањето на агенција воопшто не кореспондира со надворешната политика на САД“, изјави Марко Рубио.
– Дејствуањето на УСАИД треба да соодветствува со политичките директиви на Стејт департментот, а таа до сега одбива да го стори тоа – додаде Рубио.
Како што јави Си-Ен-Ен, веста доаѓа неколку часа откако Илон Маск, најбогатиот човек на светот задолжен за реконструкција на федералната влада, рече дека претседателот Доналд Трамп потпишал затворање на агенцијата.
Извор: CNN





