Стабилно време до среда, потоа следат повремени врнежи од снег
10/02/2025 9:22
До среда ќе се задржи стабилно и суво време со студени утрa, додека утринските температури ќе бидат во постепен пораст. Во среда навечер и во четврток се очекуваат повремени локални врнежи, претежно од снег.
Прогноза за 11.02.2025
Минимална температура: -9°C до 1°C
Максимална температура: 3°C до 8°C
Утро со студени температури, додека преку денот ќе биде променливо облачно, со повеќе сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 12.02.2025
Минимална температура: -7°C до 2°C
Максимална температура: 2°C до 7°C
Утро со студени температури, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на ноќта, во источните делови, се очекува локален слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 13.02.2025
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: 1°C до 6°C
Променливо облачно, со повремен локален слаб дожд и снег, претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.






