MKinformer

your daily dose of news

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд и ветер

10/04/2025 8:49

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), попладне и во вечерните часови се очекуваат локални врнежи од дожд, а на повисоките места и планините ќе има повремен снег.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови и засилен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од -5 до 3 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 10 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и навечер постои можност за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1 степен, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Од недела следува период на стабилно и потопло време, освен во петок и сабота кога се очекуваат локални врнежи од дожд. И утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.

error: Содржината е заштитена од копирање !!