MKinformer

your daily dose of news

Променливо облачно и суво денеска: Утринска магла во котлините, дождови од викендот

29/10/2026 7:33

Променливо облачно и суво време ќе преовладува денеска, 29 октомври, со краткотрајни сончеви периоди.

Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Слаб до умерен северозападен ветер

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Наместа долж Повардарието ветерот повремено ќе засилува.

Следуваат повремени врнежи

Според УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со различен интензитет.

Пообилни врнежи се очекуваат во недела и на почетокот на следната седмица.

Во утринските часови и натаму ќе има услови за појава на магла по одделни котлини.

До крајот на периодот ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.

Променливо облачно и суво време ќе се задржи денеска, додека од викендот повторно се очекува зголемување на условите за врнежи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!