MKinformer

your daily dose of news

Утрово најстудено во Берово, Попова Шапка со најголема снежна покривка

23/02/2025 10:21
A sunny winter morning.

Утрово најстудено било во Берово со -7°C, додека во Крива Паланка се измерени -5°C, а во Крушево -4°C. Во Виница било -3°C, а во Штип, Маврови Анови и Попова Шапка -2°C. Во Претор, Прилеп, Кавадарци и Струмица температурата била -1°C. Во Скопје-Петровец, Тетово и Битола температурата достигнала 0°C, додека во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Демир Капија и Велес била 1°C. Најтопло било во Гевгелија, со 3°C.

На Попова Шапка висината на снежната покривка утрово достигнала 31 сантиметар, а на Маврови Анови 8 сантиметри.

Времето денеска:
Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локални врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе се движи во опсегот од 3°C до 7°C.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно, а во делови од котлината ќе има услови за локални врнежи од слаб дожд и снег. Ветерот ќе биде слаб до умерен од југоисточен правец, а максималната температура ќе достигне до 7°C.

error: Содржината е заштитена од копирање !!