АХМЕТИ ПРЕТИ СО БОЈКОТ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ АКО УСТАВЕН СУД ГО УКИНЕ ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ
04/03/2025 11:31
Ако го засегнете Законот за јазици и нема да има локални избори – нема да може да се постават гласачки кутии, се закани лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Вели дека одржувањето на локалните избори следнава есен е доведено под прашање.
„Ако е засегнат Законот за јазици, нема локални избори и не може да се постават гласачки кутии за да се одржат локални избори…Законот за јазици не е на ДУИ, Законот за јазици им припаѓа и на оние што ќе се родат додека не изгрее сонцето. Затоа секој Албанец мора да стане господар на правото на јазикот и ниту да го политизира ниту да го проблематизира“, рече Ахмети.
Ахмети побара ВРЕДИ да излезе од владата и заедно со локалните избори да се одржат и парламентарните.
Во Уставен суд на 20 месецов ќе расправаат за Законот за употреба на јазиците.





