Поради дефект на водоводната мрежа, без вода ќе бидат неколку улици во Карпош
03/04/2025 8:07
Поради уличен дефект на водоводната мрежа на крстосницата на улиците „Копенхагенска“ и „Стокхолмска“, од 09:00 часот без вода ќе останат корисниците на овие две улици, како и на улиците „Софиска“, „Његошева“, „Гаврил Лесновски“ и „Петар Драганов“ во општина Карпош.
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот.
Граѓаните се повикуваат на разбирање и трпеливост додека трае интервенцијата.


