Дали на есен, заедно со локалните, ќе има и парламентарни избори?
28/04/2025 17:29
Три опции на политичка маса пред Христијан Мицкоски – локални избори во октомври, кои би можеле да предизвикаат и парламентарни напролет следната година или пак двојни односно локални и парламентарни, – ова според висок владин функционер се можните сценарија за кои размислува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Христијан Мицкоски.
Дека прашањето паралемнетрани избори виси над Илинденска, индиректно потврдува и Мицкски кој ниту од Собранието во четвртокот, а ниту во последното сооопштение по вчерашниот ЦК на неговата партијата не прецизра на какви избори се подготвува за победа.
– Информирав дека во идниот период продолжуваат испитувањата и мерењата на јавното мислење за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ кои покажуваат неколкукратна предност пред политичките конкуренти, но и дека треба да исполни одговорноста за преземените ветувања пред граѓаните. Христијан Мицксоки на ФБ.
На состанокот на ЦК на партијата се почнала и официјално процедуварата за локални избори. Според истиот функционер, Мицкоски се уште најмногу го боли глава за Скопје, односно дали да застане зад Орце Георгиевски или Златко Перински. Речсии над 90 % од актуелните градоначалници ќе добијат нова шанса за нов мандат. Според истиот брифинг, паралелно Мицкоски работи и со коалициите и поддршка на дел до кандидатите на Вреди и Знам уште во првиот круг.






