ПРИВЕДЕН СОПСТВЕНИКОТ НА ОТПАДОТ КОЈ ГО ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО
09/07/2025 12:23
Денес претпладне скопјани ги потресе огромен црн облак кој се издигаше од пределот на Визбегово према Шутка.
MK Информер ексклузивно дознава дека локацијата на пожарот е отпад кој се наоѓа на преминот од Визбегово према Шутка, а причината за пожарот е горење кабли и старо моторно масло.
Откако новинарски екипи се упатиле на местото на настанот, неофицијално сопственикот на отпадот физички ги нападнал и се обидувал да им забрани да снимаат.
Засега сеуште нема официјални информации, но нашите сознанија говорат дека лицето е приведено и спроведено во полициска станица.






