MKinformer

your daily dose of news

Крсте Петревски носител на листата на коалицијата „ИСКУСТВО за УСПЕХ“ во Кисела Вода

13/09/2025 16:21

Генералниот секретар на Граѓанска Опција за Македонија-ГРОМ, Крсте Петревски, преку објава на Фејсбук информираше дека ќе биде носител на советничката листа на коалицијата „ИСКУСТВО за УСПЕХ“, составена од партиите ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР, за претстојните локални избори во Општина Кисела Вода.

„Денеска направивме голем чекор напред – официјално ја поднесовме нашата листа за советници. Гордо ја предводам коалицијата ‘ИСКУСТВО за УСПЕХ’, која носи план, визија и решенија за иднината на Кисела Вода,“ напиша Петревски.

Во својата програма тој потенцира:

  • Модерна Кисела Вода – паметно урбано планирање без хаос.

  • Урбана Кисела Вода – улици, паркови и инфраструктура соодветни на современиот живот.

  • Чиста Кисела Вода – повеќе зеленило како право, а не како луксуз.

Петревски нагласи дека не ветуваат празни зборови, туку работа, искреност и посветеност:
„Моето искуство е ваш штит и гаранција дека вашиот глас нема да остане неслушнат во Советот. Заедно можеме да изградиме општина во која ќе сакаат да растат децата, да напредуваат младите и да уживаат највозрасните.“

Петревски во 2022 беше назначен за генерален директор на јавното претпријатие „Паркинзи Скопје“ Скопје, а потоа раководеше и со ЈСП Скопје.

error: Содржината е заштитена од копирање !!