Втора истрага за „Пулс“: Обвинителка ја истражува улогата на 30 полицајци
30/09/2025 14:40
Додека Кривичниот суд се подготвува да го разгледа обвинението за трагедијата во дискотеката „Пулс“, во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција продолжува втората истрага која се фокусира на улогата на полицијата во настанот.
Обвинителката која работи на овој предмет веќе шест и пол месеци собира докази за одговорноста на полицајците. Во истрагата се осомничени 30 лица, вработени во СВР Штип и полициската станица во Кочани, кои не извршиле целосна и детална проверка при издавањето на согласноста за добивање лиценца за „Пулс“, особено во делот на безбедноста во сообраќајот и јавниот ред и мир.
Во одговор на прашањето зошто втората истрага трае подолго од првата, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција објасни дека причината за подолготрајното водење на постапката е фактот што во предметот постапува еден јавен обвинител. Првата истрага заврши за три месеци, додека втората се води двојно повеќе.
Во оваа истрага се користат истите докази што се предложени и во обвинението кое се наоѓа на оценка пред Кривичниот суд во Скопје, а се обезбедуваат и нови.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција најави дека по завршувањето на истрагата ќе донесе одлука дали ќе се покрене обвинение и за која правна квалификација, во зависност од доказите.
Паралелно со оваа постапка, се води и трета постапка, односно предистрага во кочанското обвинителство, со која се испитува евентуална одговорност на вработени во Управата за јавни приходи и за други институции.



![Зaпoчнyвa oпepaциjaтa “Cмeнa нa Русковска”, eкc oбвинитeл oд СЈО глaвeн кaндидaт зa нacлeдник vilma-Ruskovska-696x487[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/vilma-Ruskovska-696x4871-1.jpg)

One thought on “Втора истрага за „Пулс“: Обвинителка ја истражува улогата на 30 полицајци”
Comments are closed.