MKinformer

your daily dose of news

Одобрени обвинителните акти против 13 полициски службеници во случајот „Пулс“ и пет лица за злоупотреба на ИПАРД фондовите

26/02/2026 14:15

Советот за оценка на обвинителен акт при Основен кривичен суд Скопје ги одобри двата обвинителни акта поднесени од Основно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по одржани седници и разгледување на фактите и доказите.

Со првото решение, во целост е одобрен обвинителниот акт со ознака КОК–ооа 4/26 против 13 полициски службеници, кои се товарат за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, поврзани со пожарот што на 16 март 2025 година избувна во објектот „Пулс“ во Кочани.

Втора истрага за „Пулс“: Обвинителка ја истражува улогата на 30 полицајци

Одобрен и обвинтелен акт за злоупотребата и поктуп со ИПАРД програмата

Истовремено, одобрен е и обвинителниот акт со ознака КОК–ооа 5/26 против пет физички лица за кривични дела: давање поткуп, давање награда за противзаконито влијание, примање награда за противзаконито влијание и примање поткуп. Во рамки на истиот предмет е поднесен и обвинителен предлог против уште четири физички лица и едно правно лице, а случајот се однесува на користење средства преку ИПАРД програмата.

Врз основа на одобрените обвиненија, формирани се два кривично-правни предмети – КОК бр. 4/26, поврзан со пожарот во Кочани, и КОК бр. 5/26, поврзан со ИПАРД програмата.

Обвинение за корупција со ИПАРД средства: Мито од 50.000 евра за незаконско одобрување на субвенции

Согласно АКМИС-системот, предметите ќе бидат распределени на понатамошно постапување кај надлежни судии. По насрочување на главните расправи, термините ќе бидат објавени во Календарот за судење на веб-страницата на судот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!