MKinformer

your daily dose of news

Скандал во Скопје: Движењето за национално единство на Турците (ДЕНТ), кандидирало починато лице на изборна листа

17/10/2025 22:38

Изборниот процес во главниот град е сериозно компромитиран откако беше откриено дека Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ) на својата советничка листа за Град Скопје кандидирало лице кое починало уште во јануари 2024 година, објави порталот 24инфо.

Според објавените информации, станува збор за кандидат со иницијали Б.Љ., родена во 1940 година, која се наоѓа на 15-то место на советничката листа. Иако е почината пред повеќе од една година и девет месеци, нејзиното име сè уште фигурира како активен кандидат.

Овој шокантен случај отвора сериозни сомнежи за манипулација и злоупотреба на изборниот процес, особено бидејќи истото лице, наводно, се наоѓа и на избирачкиот список. Тоа го доведува во прашање интегритетот на изборите и ја отвора дилемата, колку уште вакви случаи има во другите партии и избирачки списоци низ државата.

Правни експерти предупредуваат дека ваквиот пропуст претставува кривично дело, и бараат итна реакција од надлежните институции и детална проверка на сите кандидатски листи пред одржувањето на изборите.

Граѓаните, пак, бурно реагираат на социјалните мрежи и со право прашуваат: како е можно починати лица да останат дел од официјалните изборни документи, без никој да сноси одговорност?

Овој случај дополнително го разнишува довербата во изборниот систем и ја става под сериозен притисок транспарентноста на институциите задолжени за спроведување на фер и демократски избори.

error: Содржината е заштитена од копирање !!