Неизвесна изборна ноќ во неколку општини, решаваа десетина гласови
03/11/2025 11:55
Локалните избори 2025 година донесоа една од најнеизвесните изборни ноќи во последната деценија. Во повеќе општини низ државата победниците се одлучуваа со минимални разлики – од само неколку десетици гласа – меѓу кандидатите на двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Во неколку општини борбата беше буквално „глас за глас“, што ја потврди поделбата на политичката сцена во Македонија.
Во една од најтесните трки, Драган Анастасов (СДСМ) освои 46,98% или 4.134 гласа, додека неговиот противкандидат Тони Тоневски (ВМРО-ДПМНЕ) доби 47,31% или 4.163 гласа — разлика од само 29 гласа.
Слично тесен резултат имаше и меѓу Томе Христоски (СДСМ) и Нико Чонески (ВМРО-ДПМНЕ) – со 19 гласа предност за Чонески.
Во друга општина, Лазар Петров (СДСМ) освои 47,10% или 1.152 гласа, додека Наталија Димитриева (ВМРО-ДПМНЕ) доби 49,96% или 1.222 гласа, што претставува разлика од 70 гласа.
Тесна беше и трката меѓу Горанчо Крстев (СДСМ) и Јорданче Костадинов (ВМРО-ДПМНЕ), со предност од 52 гласа за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.
Изборните аналитичари оценуваат дека ваквите резултати ја потврдуваат длабоката политичка поларизација и ја зголемуваат тежината на секој глас.
Поради малите разлики, се очекува Државната изборна комисија (ДИК) да разгледа повеќе приговори во општините каде што исходот би можел да зависи од само неколку ливчиња.
„Оваа изборна ноќ покажува дека Македонија има силна изборна конкуренција, а секој излезен гласач суштински го менува резултатот,“ оценуваат аналитичарите.






