ЕВЕ СО КОЛКУ ПАРИ МИТО ГО ФАТИЈА ДИРЕКТОРОТ НА (АФПЗРР), ИЛИЈА СТОИЛЕВ
07/11/2025 15:27
Вчера попладне, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), беше реализирана акција во која беа лишени од слобода пет лица.
Акцијата е спроведена од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и полициски службеници од ОСОСК, поради основано сомнение за кривични дела поврзани со поткуп и незаконито влијание.
Според обвинителството, постојат сомневања дека првоосомничениот, управител на правно лице, сторил продолжено кривично дело „Давање поткуп“ и „Давање награда за противзаконито влијание“, додека тројца посредници сториле „Примање награда за противзаконито влијание“, а едно лице е осомничено за „Примање поткуп“.
💶 Сомневање за поткуп од 50.000 евра
Во периодот од крајот на февруари до ноември 2025 година, управителот на фирмата во повеќе наврати, директно и преку посредници, му ветил подарок – парични средства од значителна вредност на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој (АФПЗРР).
Останатите осомничени – меѓу кои и даночен референт во УЈП – Регионална дирекција Скопје, како и државен службеник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, го поттикнале директорот на агенцијата да потпише договор за користење средства од ИПАРД Програмата (мерка 3), иако фирмата не ги исполнувала условите предвидени со јавниот повик бр. 01/24.
По примено ветување за подарок од 50.000 евра, директорот во текот на вчерашниот ден потпишал договор со правното лице и примил дел од парите во износ од 400 евра, кои при претрес биле пронајдени и одземени.
🏛️ Истражна постапка и барање за притвор
Обвинителството оцени дека се исполнети условите за определување мерка притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото, па до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје е поднесен предлог за притвор за сите осомничени.
Истражната постапка ќе продолжи со цел да се утврдат сите детали за примопредавањето на парите, злоупотребите и улогата на вклучените лица.







One thought on “ЕВЕ СО КОЛКУ ПАРИ МИТО ГО ФАТИЈА ДИРЕКТОРОТ НА (АФПЗРР), ИЛИЈА СТОИЛЕВ”
Comments are closed.