MKinformer

your daily dose of news

Одрон на патот Охрид – Св. Наум: Сообраќајот се одвива отежнато

14/12/2025 11:10

Поради одрон, од утрово од 06:30 часот е отежнато одвивањето на сообраќајот на регионалниот пат Р1301 Охрид – Св. Наум, на делницата помеѓу селото Трпејца и манастирот Св. Наум. Возилата во моментов се движат по една коловозна лента, сè додека не се расчисти одронот и не се воспостави целосно нормален сообраќај.

Надлежните служби апелираат до учесниците во сообраќајот да управуваат со зголемена внимателност и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Според информациите од АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без поголеми проблеми, по суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година на сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без разлика на моменталните временски услови.

Посебен апел се упатува за внимателно возење на патните делници низ котлини, речни долини и клисури, каде постои зголемен ризик од одрони. Како критични се наведуваат правците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

error: Содржината е заштитена од копирање !!