MKinformer

your daily dose of news

Во тек голема полициска акција во УЈП во Скопје, засега без официјални детали

15/01/2026 16:45

Во тек е голема полициска акција во просториите на Управа за јавни приходи во Скопје, дознава МК ИНФОРМЕР од свои извори.

Засега нема официјални информации за причините за акцијата, ниту за бројот на вклучени полициски службеници. Не се познати ниту дали има приведени лица или одземена документација.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот, по официјално соопштение од надлежните институции. Јавноста очекува појаснување дали станува збор за истрага поврзана со финансиски криминал, злоупотреба на службена положба или друга незаконска активност.

Редакцијата ќе ја следи состојбата и ќе информира веднаш штом ќе бидат објавени нови информации.

One thought on “Во тек голема полициска акција во УЈП во Скопје, засега без официјални детали

Comments are closed.

error: Содржината е заштитена од копирање !!