MKinformer

your daily dose of news

Рокас го негираше Мицкоски: Во ЕУ нема членство без право на глас, договорите се јасни

25/02/2026 16:51

Евроамбасадорот Михалис Рокас од Прилеп порача дека пристапувањето во Европската Унија е јасно уредено со важечките договори и дека тие не предвидуваат можност за членство без право на глас или без право на вето.

Неговата изјава доаѓа по неодамнешните ставови на премиерот Христијан Мицкоски, кој говореше за можни модели на интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ што би подразбирале ограничено учество во одлучувањето.

„Договорите остануваат такви какви што се“

Рокас истакна дека правилата за пристапување се строго дефинирани во основачките договори на Унијата и дека секоја земја што ќе ги исполни условите има еднакви права.

„Не постои такво нешто кое би предвидувало секоја успешна земја што ќе ги исполни условите да го нема правото на глас или правото на вето. Во моментот договорите на ЕУ се такви какви што се и остануваат“, изјави Рокас.

Тој додаде дека евентуални измени на тие правила би барале едногласна одлука од сите земји членки, што во моментов не е на маса.

Фокус на реформите

Евроамбасадорот порача дека приоритет за Северна Македонија треба да биде продолжување на реформите, особено во областите поврзани со владеење на правото, институционалната стабилност и усогласувањето со европското законодавство.

error: Содржината е заштитена од копирање !!