MKinformer

your daily dose of news

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на скопската обиколница кај Мирковци

03/03/2026 22:06

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила попладнево на обиколницата Скопје–Тетово, во близина на клучката Мирковци.

Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, во 15:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко моторно возило излетало од коловозот.

По пријавата, полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот, каде што било утврдено дека станува збор за патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од машко лице кое починало на местото на несреќата.

Надлежните институции работат на утврдување на причините и околностите под кои се случил трагичниот настан, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!