МВР го утврди идентитетот на жената чие безживотно тело беше најдено вчера во Вардар кај Градски Стадион
12/03/2026 15:59
Познат е идентитетот на жената чие тело вчера беше извлечено од водите на реката Вардар во близина на Градски Стадион.
Според информациите од полицијата, станува збор за А.Х.И. (50) од Скопје. Нејзиното тело било пронајдено вчера околу 11 часот, кога полициски службеници од СВР Скопје интервенирале на терен.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.
Од МВР информирале дека во меѓувреме член од семејството пријавил оти жената утрото по 8 часот излегла од домот и не се вратила.
На местото бил извршен увид, а надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.





