Скопјани ќе се возат со унгарски електрични автобуси – Еве колку ќе чини еден автобус
16/05/2026 13:39
Скопје ќедобие 100 од 150 нови електрични автобуси, а според одлуката на Министерството за транспорт, нив ќе ги испорача унгарскиот производител „Електробус – Икарус“.
Во рамки на истата набавка, австриската компанија ЕВН ќе треба да обезбеди 75 станици за полнење.
Од Министерството соопштија дека двете компании ги исполниле сите услови од јавниот повик. Воедно, нивната понуда била и најповолна.
Според објавените податоци, цената изнесува 19,35 милиони денари. Тоа е околу 314 илјади евра по автобус.
Од Министерството оценуваат дека станува збор за исклучително конкурентна цена на пазарот на електрични автобуси.
Какви автобуси ќе добие Скопје
Според техничките услови, автобусите треба да имаат најмалку 300 kW максимална моќност.
Тие треба да имаат капацитет за најмалку 66 патници. Предвиден е и автоматски клима-уред за ладење и греење.
Избраниот оператор ќе мора да обезбеди и тековно одржување. Во обврските влегуваат и поправки на технички дефекти, како и резервни делови во следните 10 години од пуштањето во употреба.
Автобусите треба да бидат одобрени и согласно Европската директива 2018/858.
Испораката ќе оди во три фази
По потпишувањето на договорот, испораката ќе се одвива во три етапи.
Во првите шест месеци треба да пристигнат 30 електрични автобуси и 15 станици за полнење.
Рок од 12 месеци е предвиден за испорака на уште 60 автобуси и 30 полначи.
Во последната фаза, најдоцна за 18 месеци, треба да пристигнат преостанатите 60 автобуси и 30 станици за полнење.
Од четири понуди, само една ги исполнила условите
Од Министерството информираат дека пристигнале вкупно четири понуди.
По направената евалуација, комисијата утврдила дека три економски оператори не ги исполнуваат условите од јавниот повик.
Врз основа на тоа е направен прелиминарен избор и е поднесен предлог за избор на најповолен понудувач.
По донесувањето на одлуката, тече рок од десет дена за жалба.






