MKinformer

your daily dose of news

Два напади врз малолетници пријавени во Скопје, полицијата ги расчистува случаите

03/07/2026 15:56

Два одделни случаи на физички напади врз малолетници се пријавени во СВР Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Во првиот случај, вчера во 11:30 часот, 38-годишна жена пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат на подрачјето на Карпош.

Според пријавеното, нападот се случил на 21 јуни, околу 21:00 часот, а момчето било нападнато од неколку малолетници. Тој познавал двајца од напаѓачите.

Малолетничка нападната во Центар

Истиот ден, околу 23:35 часот, во СВР Скопје било пријавено и дека на подрачјето на Центар малолетничка била физички нападната од две други малолетнички.

Според пријавата, девојчињата се познавале меѓусебно.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!