MKinformer

your daily dose of news

Уапсена директорката на гостиварски „Комуналец“

20/07/2026 13:35

Уапсена директорката на гостиварски „Комуналец“, приведени уште двајца одговорни за водоводот

Директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, е уапсена, а заедно со неа се приведени уште две лица од раководните структури на претпријатието, дознава МК Информер.

Според првичните информации, покрај Асани, приведени се и техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот Вадедин Дервиши.

Тројцата се поврзуваат со истрагата што се води поради загадувањето на водата за пиење во Гостивар, по кое беше прогласена епидемија, а стотици граѓани побараа лекарска помош поради стомачни тегоби.

Според информациите со кои располагаме, осомничените во текот на денот треба да бидат изведени пред јавен обвинител, по што судија на претходна постапка ќе одлучува за евентуалните мерки за обезбедување на нивното присуство во постапката.

Истрагата за причините што доведоа до контаминацијата на водата и натаму е во тек, а надлежните институции најавуваат дека ќе продолжат со преземање дејствија за целосно расчистување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!