MKinformer

your daily dose of news

Сам ја исчисти автобуската постојка во Капиштец, Филип стои зад профилот „Кеса на 10“

05/09/2026 11:19

Сам ја исчисти автобуската постојка во Капиштец, која била целосно исшарана со графити. Станува збор за Филип Ѓоргиев, лицето зад профилот „Кеса на 10“.

Тој ја исчистил автобуската постојка „Капиштец Црква“ и снимката ја објавил на социјалните мрежи.

„Некои работи ги гледаме секој ден“

Во објавата, Филип напиша:

„Некои работи ги гледаме секој ден, само што веќе и не ги приметуваме“.

Со акцијата тој уште еднаш се обиде да укаже на проблемите со нечистотијата и неодговорното однесување кон јавниот простор.

Повеќе од 3.000 собрани кеси со отпад

Филип редовно организира акции за собирање отпад на различни локации низ Македонија.

Досега чистел во повеќе градови, меѓу кои и Виница.

Учествувал и во собирање отпад од дното на Охридското Езеро.

Неговиот профил „Кеса на 10“ има повеќе од 31.000 следбеници.

Досега преку акциите се собрани над 3.000 кеси со отпад.

Фиклип сам ја исчисти автобуската постојка во Капиштец, а неговата порака е едноставна – јавниот простор е одговорност на сите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by КолкуЃубре? (@kesanadeset)

error: Содржината е заштитена од копирање !!