Партиска чистка: СДСМ разреши девет претседатели на општински организации
20/11/2020 8:01Партиски извори за Iportal информираат дека по иницијатива на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, вечерва, претседателот Заев разрешил 9 претседатели на општински организации на СДСМ.
Изворите наведуваат дека дел од причините се незадоволителна работа, но и недостапност за граѓаните и членовите, несоодветно однесување и делување спротивно на социјалдемократските вредности.
Минатата година Заев ги разреши сите претседатели на општински ограноци на СДСМ.






