ЛИСИЧЕ И АЕРОДРОМ ДОБИЈА СТРУЈА ПО 15 ЧАСА
19/07/2024 9:12Жителите на Ново Лисиче и Аеродром утринава по 15-часовен прекин добија електрична енергија, откако вчера невремето со град и силен ветар предизвика проблеми во електродистрибутивната мрежа.

ЕВН Македонија го санираше дефектот, а екипите се излезени на терен и работат на целосно решавање на проблемот.
Според информациите објавени синоќа причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија биле два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“. Не работеа ниту семафорите на дел од крстосниците.
До Центарот за управување со кризи биле пристигнати пријави за 35 паднати дрвја, 15 бандери, 21 оштетен кров, 10 поплавени домови и две оштетени возила.





