MKinformer

your daily dose of news

78-годишна жена од Куманово изгубила 2.000 евра во телефонска измама

21/02/2025 15:49

Во последно време, измамите се се почеста појава, при што старите лица се најчести жртви. Една таква случајност се случила во Куманово.

78-годишна жена од Куманово станала жртва на измама, при што загубила 2.000 евра по наводна сообраќајна несреќа. Според информациите од полицијата, на 20 февруари, околу 16:30 часот, во СВР Куманово била пријавена измама. Измамникот се претставил како полициски службеник и и соопштил на жената дека нејзиниот син и снаа биле вмешани во сериозна сообраќајна несреќа, во која наводно прегазиле малолетно дете.

Во разговорот, измамникот рекол дека за да избегнат кривична одговорност, потребно е да плати одредена сума. Под влијание на стравот, жената ги оставила парите на договореното место, но брзо потоа сфатила дека била измамена.

Од СВР Куманово информираат дека на истиот ден биле регистрирани пет обиди за измама на слична основа во Куманово, како и еден обид во Кратово.

error: Содржината е заштитена од копирање !!