MKinformer

your daily dose of news

ЈАКИМОВСКИ: Денес Карпош повторно даде пример

11/05/2025 10:12

Градоначалникот на Карпош. Стевче Јакимовски вели дека за време на генералката која викендов се спроведува на ниво на цела држава, Карпош дал пример.

 

„ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ ВО КАРПОШ – ЧИСТО, ЗЕЛЕНО, НАШЕ! 

Денеска Карпош повторно даде пример! Заедно со вработените во општината, Црвен крст, Ротари Арт, Сојузот на борци и многу волонтери излеговме на терен и собравме над 147 вреќи отпад – хартија, пластика, лименки.

Оваа акција не е само собирање ѓубре, туку битка за нашата животна средина! 
Сепак, морам да кажам ДОСТА Е! 

ЈП Комунална Хигиена и ЈП Паркови и Зеленило со години се однесуваат како Карпош да е заложник на нивната неработа!

Граѓаните плаќаат редовно – над 85% наплата секој месец, а контејнерите се прелеваат, улиците се нечисти, зеленилото запуштено! 

Додека ние се бориме и чистиме, нив ги нема ни за лек!Дали има смисла вака да продолжиме?

Сметам дека е време овие јавни претпријатија да се поделат на сите скопски општини, со што секоја ќе може да се грижи за својата хигиена – професионално, одговорно и транспарентно! 

Продолжуваме напред со нашите еко активности, затоа што Карпош заслужува да блеска! Зелено, чисто, наше!“, напиша Стевче Јакимовски на социјалните мрежи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!