MKinformer

your daily dose of news

Костовски најави изградба на две нови училишта во Бутел: „Нашите деца остануваат во фокус“

01/10/2025 13:40

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој е кандидат за нов мандат, најави изградба на две нови основни училишта во Љубанци и Љуботен. Тој истакна дека во изминатите четири години биле инвестирани рекордни 215 милиони денари во образованието, вклучувајќи изградба на нови информатички кабинети, реконструкција на училишни дворови и поставување на нови игралишта и спортски терени. Костовски додаде дека за децата биле обезбедени ранци со прибор, бесплатни униформи и стипендии за најдобрите ученици. „Нашите деца остануваат во фокус и во наредните четири години“, порача Костовски.

error: Содржината е заштитена од копирање !!