Трендафилов ги повика работниците на протест: Утре во Скопје за минимална плата од 600 евра
13/03/2026 12:55
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска ги повика работниците утре масовно да дојдат во Скопје и да побараат повисоки плати.
Тој на прес-конференција порача дека барањето останува исто. ССМ инсистира на минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати за 6.000 денари.
ССМ најави голем протест на 14 март: бара минимална плата од 600 евра
Повик за масовна поддршка
Трендафилов рече дека работниците повеќе не смеат да молчат. Според него, време е јасно да го кренат гласот за подобар животен стандард.
„Живееме како сиромашни работници со богати газди и со уште побогати во Владата. Ве повикуваме да ги поддржите вашите семејства, вашите деца и внуци, да излезете на улица и да им покажете дека сакате вашата плата да се зголеми“, порача Трендафилов.
Трендафилов: На 14 март на протест, не очекувајте друг да се бори за вашата плата
ССМ вели дека борбата продолжува
Првиот човек на ССМ нагласи дека синдикатот нема да се откаже од барањата за повисоки плати и подобри услови за работа.
Тој порача дека оваа борба е во интерес на сите работници и нивните семејства. Затоа, според него, потребна е силна и масовна поддршка на протестот.
ССМ веќе подолг период бара зголемување на минималната плата и усогласување на останатите примања, со образложение дека трошоците за живот постојано растат.




