Повеќе населби и маала во Ѓорче Петров утре без вода од 8:30 часот
19/05/2026 16:36
ЈП „Водовод и канализација“ информира дека утре дел од корисниците во Општина Ѓорче Петров ќе останат без вода поради уличен дефект.
Според најавата, станува збор за дефект на цевка Ф-400 на улицата „Лука Геров“ бр. 38.
Поради интервенцијата, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од населбите Даме Груев, Ново Село, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Орман и Никиштани.
Од претпријатието соопштуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.
Се препорачува граѓаните навреме да се подготват и да обезбедат резерви на вода за основните потреби.



