АДВОКАТСКАТА УЛИЦА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЌЕ СТАНЕ ЕДНОНАСОЧНА
05/02/2021 15:14Улицата Свети Климент Охридски или позната како Адвокатска улица во центарот на Скопје ќе стане еднонасочна. Општина Центар во координација со екипите на Град Скопје денеска почна со поставување вертикална сообраќајна сигнализација за воведување еднонасочен сообраќаен режим за поголема безбедност во овој дел од градот.
Дозволено ќе биде движење на возила во правец од булеварот Крсте Петков Мисирков кон улицата Филип Втори Македонски.

Во текот на денешниот ден ќе бидат поставени новите сообраќјни знаци и од утре ќе важи новиот режим на сообраќај.





